(ВИДЕО) Манчестер јунајтед безмилосно, му даде пет гола на ЛАСК среде Линц

46

Ѓаволите“ продолжуваат со одличните партии, вечерва избраниците на Оле Гунар Солшер триумфираа со убедливи 5-0 на гостувањето кај ЛАСК во Лига Европа.

Манчестер јунајтед уште вечерва ги реши дилемите за тоа кој ќе патува во четвртфинале, на гостувањето во Линц, славеше против ЛАСК со убедливи 0-5.

Избраниците на Оле Гунар Солшер немаа милост за противникот, не запреа ниту кога се беше јасно кој е кој во мечот, и во судиското надополнување му дадоа два гола на противникот за помалку од 90 секунди.

Резултатот беше отворен во 28. минута, Игало одлично смири една топка и од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо за 0-1.

Половина час подоцна, Џејмс доби топка во фор и реализираше за 0-2, а Мата од пенал погоди за 0-3 во 82. минута. Младиот Гринфуд и Переира го дотолчија противникот со голови во 91. односно 93. минута.

На останатите два натпревари од 18:55 часот, Базел го изненади Ајнтрахт и со 0-3 триумфираше во Франкфурт, а Башакшехир во последните минути стигна до победа од 1-0 над Копенхаген.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.