Манчестер Јунајтед разочара во Холандија и е во негативна серија

Манчестер Јунајтед игра променливо во Премиер лигата, но и во Лига Европа, а вечерва комплетно разочара на гостувањето во Холандија.

АЗ Алкмар го пречека англискиот премиерлигаш во Хаг, на терен покриен со вештачка трева, на кој далеку подобро се снајде холандскиот претставник. АЗ Алкмар беше далеку подобар ривал и ако некој заслужи да победи на овој меч, тоа беше составот предводен од тренерот Слот, но на спротивната страна максимално концентриран и сталожен беше Давид Де Хеа кој беше најдобар поединец на Јунајтед.

Шпанецот ги одбрани сите четири удари кои противничките играчи ги упатија кон неговата мрежата, додека од друга страна пак, Јунајтед беше очаен и не испрати ниту еден директен удар во рамките на голот и не го тестираше голманот Бизот. Лошото издание не го оправдува ниту тоа што Солскјер им даде шанса на доста млади играчи, а дефинитивно загрижувачки е податокот кој вели дека Јунајтед нема остварено победа на последнтие 10 гостувања во сите натпреварувања, серија кој не се памети од далечната 1989 година.

Рома одигра 1-1 на гостувањето кај Волфсбергер, Спинациола постигна гол за италијанскиот тим во првото полувреме, на почетокот од вториот дел изедначи Лендл.
Волвс победи на гостувањето кај Бешикташ со гол на Боли во 93. минута од натпреварот.
Во другите натпревари кои се играа од 19 часот: Башакшехир – Борусија Менхенгладбах 1:1, Брага – Слован Братислава 2:2, ЦСКА Москва – Еспањол 0:2, Ференцварош – Лудогорец 0:3, Феенорд – Порто 2:0, Олександрија – Гент 1:1, Сент Етјен – Волфсбург 1:1, Јанг Бојс – Ренџерс 2:1.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. КОЛО

ГРУПА Г

Феенорд – Порто 1-0

Јанг бојс – Глазгов ренџерс 2-1

ГРУПА Х

Ференцварош – Лудогорец 0-3

ЦСКА Москва – Еспањол 0-2

ГРУПА И

Сент Етјен – Волфсбург 1-1

Александрија – Гент 1-1

ГРУПА Ј

Волфсбергер – Рома 1-1

Башакшехир – Менхенгладбах 1-1

ГРУПА К

Брага – Слован 2-2

Бешикташ – Вулверхемптон 0-1

ГРУПА Л

Астана – Партизан 1-2

АЗ Алкмар – Манчестер јунајтед 0-0