(ВИДЕО) Масакр во супермаркет во САД: Најмалку 7 лица се убиени, убиствата пренесувани на стриминг платформа

459

Најмалку 7 лица се убиени по пукање во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк, пренесоа американските медиуми. Пукањето се случило во супермаркет.

Локалната полиција соопшти дека напаѓачот е уапсен и моментално е во притвор. Властите се уште не ги потврдиле деталите за инцидентот.

Полициски извори велат дека напаѓачот влегол во продавница за пушки и носел воена опрема и панцири. Полицијата ги затвори улиците околу супермаркетот.

Напаѓачот пренесувал сè на стриминг платформа

Напаѓачот, наводно, емитувал се на Twitch, социјална мрежа за стриминг видео содржини. На приложеното видео се прикажани моментите пред нападот, но јасно не се прикажани убиствата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.