(ВИДЕО) Масакр во воена база: Четворица мртви и 16 повредени војници

Четири лица, меѓу кои и напаѓачот, војник со психички проблеми, загинале денеска во пукотница во воената база Форт Худ во Тексас, пренесува агенцијата Ројтерс.

Во крвавиот настан, повредени се 14 лица, а напаѓачот починал од повредите што си ги нанел на самиот себе. Надлежните ги отфрлаат индициите дека инцидентот е поврзан со тероризам.

„Напаѓачот имал здравствени проблеми и проблеми со однесувањето, но не ми е познат мотивот поради кој го извршил нападот“, посочил генерал-полковникот, Марк Милиј.

Напаѓачот, учествувал во борбите во Ирак во 2011 година. Идентитетот на војникот не е објавен.

Во 2009 година,  во базата Форт Худ имало исто така немил настан, кога поранешен воен психијатар убил 13 и ранил 32 лица.