ВИДЕО| Масивен ракетен руски напад врз центрите за обука на украинските сили

Руските воздушно-космички сили ноќта кон неделата извеле масивни ракетни напади врз центрите за обука во регионот Чернигов, Житомир и Лвов, при што е спречено испраќање на дополнителни единици на украинските сили на линијата на фронтот, соопшти на брифингот во Москва, портпаролот на руското министерството за одбрана.

„Со високопрецизно оружје и ракетите ‘Калибр’ извршија масивен напад врз 160-от центар за обука на копнените сили во близина на селото Десна во регионот Чернигов, на 199-от центар за обука на десантно-јуришните трупи во регионот Тетеревка во Житомирската област, како и 184-от центар за обука на Вооружените сили на Украина во областа Старичи во регионот Лвов“, изјави портпаролот, генерал-мајорот Игор Конешенков.

Според него, како резултат на нападот 65-та, 66-та моторизирана пешадиска бригада и 46-та воздухопловна бригада на стратешките резерви на украинската војска, кои ги завршувале обуките на полигоните, целосно ја загубиле борбената способност. Со тоа, руските сили го спречиле разместувањето на овие борбени формации во зоната на директни судири.