(ВИДЕО) Масовна поддршка на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Без организирано носење граѓани од другите градови со автобуси, без притисоци, по студено и ветровите време, но очигледно водени од силен револт кон актуелната влада на СДСМ, во средата вечерта на улиците на Скопје илјадници граѓани излегоа да му дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во борбата против власта а та која заборави на предизборнбите ветувањае.

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ започна на плоштадот пред седиштето на опозициската партија, од каде насобраните се упатија пред Владата. Илјадници граѓани во поворката побараа оставка од премиерот Зоран Заев и неговите министри, барајќи одговорност за неисполнетите ветувања, уништената економија, катастрофалниот животен стандард, зголемената сиромаштија и невработеност. Граѓаните бараа одговорост и за катастрофалните меѓународни договори со кои Заев се откажа од македонската држава, нација, историја, култура и јазик.

„Од денеска почнуваме до крај, а крајот ќе биде кога ќе падне Зоран Заев и нема назад. И нема назад додека не падне и затоа едно големо УА за  Зоран Заев!… Затоа што го пониживте, омаловаживте и уништивте Македонецот во Македонците, додаде лидерот на опозицијата,  затоа што ги пониживте и омаловаживте сите граѓани без разлика на нивната етничка и национална припадност. Ги пониживте и омаловаживте и затоа ќе ве поразивме жестоко од прв до последен, да знаете. И тоа ви го ветувам“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нели ви е срам, праша Мицкоски, за тоа ли луѓето ви го дадоа гласот, продолжи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и пораша дека актуелната власт национално го уништила македонскиот народ и направила Македонецот да биде рамнодушен на се’ што се случува.

Ќе димензионираат трета година економија во Република Македонија, ќе димензионираат 3,2%. Па каде ви се тие 5 отсто, така го лажевте ли народот? Или ви беше битно да дојдете до фотелјите за да можат тендерите да врват, а за да ви врват тендерите ја поништивте комисијата, Советот за јавни набавки, за да можете во 4 очи да го пљачкосувате и крадете македонскиот народ“, заклучи Мицкоски, коментирајќи ја катастрофалната економска состојба во земјата.