(ВИДЕО) Масовни протести во Црна Гора: Тука сме, не го даваме Уставот

Вечерва пред црногорскиот парламент се собраа илјадници луѓе кои протестираат и бараат да се повлече законот за претседател на Црна Гора.

Околу 15.000 граѓани излегоа да го покажат своето незадоволство и побара предвремени парламентарни избори.

„Тука сме, Уставот нема да го дадеме. Тука сме за Црна Гора“, беа само дел од пораките кои ги испратија граѓаните.