12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(ВИДЕО) Масовни протести во САД , откако полицаец уби Aфроамериканец седнувајќи му на врат

Четворица полицајци во Минесота се отпуштени по смртта на еден афроамериканец, кому според видеото, полицаец му седнал на врат, јавува Би-Би-Си.

Началникот на полицијата во Минеаполис Медијарија Арадондо изјави дека четворицата офицери сега се „поранешни вработени“.

На снимките се гледа како еден човек, Џорџ Флојд, се жали и му повторува на белиот полицаец „не можам да дишам“.

Инцидентот потсетува на оној кога Ерик Гарнер, исто така Афроамериканец, почина откако беше уапсен во Њујорк во 2014 година.

ФБИ соопшти дека ќе го испита случајот Минеаполис, што се случи во понеделникот вечерта.

Полицијата во Минесота соопшти дека 46-годишниот Флојд, кој работел како чувар во ресторан, починал по „здравствен инцидент“ во „полициска интеракција“.

Во вторникот наутро, градоначалникот Џејкоб Фреј потврди дека четворица полицајци вклучени во инцидентот биле „отпуштени“.

„Тоа беше вистинската одлука“, твитна тој.

„Верувам дека она што го видов, е погрешно на секое ниво“, рече тој. „Да се ​​биде црн во Америка не треба да биде смртна казна“.

Во вторникот вечерта, пред полициската станица во Минеаполис, полицајците мораа да употребат солзавец за да растераат масовниот протест поради  смртта на Флојд.