(ВИДЕО) Маж се залета со автомобил натоварен со плин и бензин во седиштето на социјалдемократите во Берлин

Маж на возраст од 58 години се залетал со автомобил натоварен со плински боци и канистри со бензин во зградата во којашто е сместено седиштето на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во главниот град Берлин и потоа им рекол на полицајците дека сакал да изврши самоубиство, објави во понеделникот полицијата.

Инцидентот се случил ноќта кон понеделникот бо берлинскиот кварт Кројцберг. Повреден и со обилно крвавење од главата мажот за којшто полицијата не наведува повеќе детали, морал да биде хоспитализиран.

Пожар избувнал во внатрешноста на автомобилот но веднаш бил изгасен со помоше на противпожарниот систем од зградата на SPD. Во возилото имало плински боци и канистри со бензин.

Мажот им рекол на полицајците дека претходно оставил торба со запаллива материја пред седиштето на конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU) на канцеларката Ангела меркел.

„Ја продолжуваме истрагата во врска со неговите мотиви и причини за цели да ги земе седиштата на политички партии“, изјавил портпаролот на берлинската полиција. Додал дека за истрагата е задолжена криминалистичкита полиција на германската престолнина.