(ВИДЕО) Медицинската помош од Русија пристигна во Њујорк

Тони медицинска опрема и заштитни медицински маски, со руски воен транспортен авион беа испорачани во средата ноќта во Њујорк, како дел од директната помош од Русија за САД кои во мометов се соочуваат со пандемијата на коронавирусот.

Помошта, која се состои од 60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга опрем, е договорена меѓу двајцата шефови на државите, Доналд Трамп и Владимир Путин кои во понеделникот телефонски разговараа за ова прашање.

Како што соопшти Кремљ, Трамп со благодарност ја прифатил оваа хуманитарна поомош од Русија.

„Сега кога моменталната ситуација влијае и може да се окарактеризира како глобална, не постои алтернатива за заедничката работа во духот на партнерството и заемната помош“, истакна портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

Во САД досега 215.300 луѓе се инфицирале со Ковид-19, од кои  и над 5.110 смртни случаи, 8.878 оздравеле.