(ВИДЕО) Медиуми: Најмалку пет загинати во автобуската несреќа кај Тетово, можно е бројката да расте

Автобус полн со патници се преврте на автопатот Скопје – Тетово во средатаоколу 17 часот, а според непотврдени информации има најмалку пет смртно настрадани лица.

Христијан Костов, директор на скопската Градска општа болница „8-ми септември“, за телевизијата Телма потврди за две смртно настрадани лица примени во болницата, како и дека уште три лица се во животно загрозувачка состојба. Според него, хоспитализирани се околу

Како што дознава ТВ21 од репортерот на терен, досега има најмалку пет жртви од превртениот автобус, додека десетици се повредени и се носат во Клиничкиот центар во Скопје.

Автобусот се обраќал на релација Скопје – Гостивар, и се преврте во близината на селото Ласкарци. Неофицијално, станува збор за автобус на претпријатието „Дурмо турс“, кој превезувал работници од Скопје кон нивните живеалишта

Семејствата на патниците пристигнуваат на лице место. Најголем дел од повредените се носат во болницата „8-ми Септември“, а оние кои се потешко се носат во Ургентен центар. Околу скопскиот Клиничкиот центар има посебен режим на сообраќај поради побрз транспорт на повредените. Повикано е засилување со лекарски екипи по болниците.