(ВИДЕО) Меган Маркл за бруталното убиство на Џорџ Флојд: Сфатив дека единствено погрешно е ако не кажам ништо

Меган Маркл прозборе за бруталното убиство на Џорџ Флојд, истакнувајќи дека неговиот живот вредел и дека би и било криво да молчела за оваа тема. Им испратила видеопорака на учениците од училиштето во кое таа учела,  а во пораката ги спомнала и останатите Афроамериканци кои полицијата ги убила изминатите неколку години во Америка. Меган во училиштето „Immaculate Heart High School“ во Лос Анџелес учела од 11-та до 18-та година.

„Животот на Џорџ Флојд е битен, како и животите на Бреонa Тејлор и Филанд Кастил и Тамир Рајс“, порача Меган.

Истакна дека Лос Анџелес е „нејзин град“ откако се преселила таму со нејзиниот сопруг и со синот.

Меган беше критикувана затоа што за смртта на Флојд не зборуваше во Минеаполис пред десетина дена.

Призна дека тоа и било грешка и дека требало порано да прозбори на таа тема.

„Не бев сигурна што можам да ви кажам. Сакав да ја кажам вистинската работа и бев навистина нервозна. Но тогаш сфатив дека единствено погрешно е ако не кажам ништо“, рече Меган.

Бившата војвотка на учениците им раскажа дека се сеќава на пролетта 1992 година кога во градот имало немири и кога бил претепан Родни Кинг.

„Имав 11 или 12 години кога почнаа ужасите, исто така поттикнати од бесмислениот расизам. Се сеќавам на полицискиот час и дека трчав накај дома и на патот видов како пепел паѓа од небото и мириса на дим, а видов и како дим излегува од градот. Се сеќавам дека видов и маж како пука од колата. Запрев пред куќата и ги видев дрвјата сосема оголени. И тие спомени не заминуваат.“, се присети Меган.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.