(ВИДЕО) Меган Трејнор ја преработи легендарната „I’ll Be There For You“

Американската пејачка Меган Трејнор објави преработка на „I’ll Be There For You“ – евергринот од воведната шпица на ТВ-серијата „Пријатели“.

Новата верзија на песната е во чест на 25-годишнината од прикажувањето на првата епизода од серијата што годините потоа стана светски хит.

Идејата била на продукциската куќа Ворнер брос, од каде што ја ангажирале поп-пејачката, која, пак, како што открива за списанието „Ролинг стоун“, и самата е огромен љубител на „Пријатели“.