(ВИДЕО) Меркел седеше на церемонијата со данската премиерка

TOBIAS SCHWARZ/AFP/Getty Images)

Германската канцеларка Ангела Меркел седеше во текот на церемонијата на свечениот пречек на данската премиерка Мет Фредерискен во четвртокот, ден откако забележливо се тресеше дочекувајќи го финскиот премиер Анти Рине, што беше третиот случај на нејзин тремор во последните три седмици кога го пречекуваше украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Данската премиерка Мете Фредерискен седеше покрај Ангела Меркел при церемонијата за добредојде со воените почести во Берлин, а потоа и двете прошетаа до зградата на канцеларката. Меркел не покажуваше занци на тремор и беше насмеана, пренесуваат медиумите.

„Можете да претпоставите дека сум свесна за одговорноста на должноста“, река подоцна германската канцеларка.

По средбата и непоријатноста со финскиот премиер Анти Рине во средата, Меркел рече дека „работи на“ остранување на треморот кој првпат се појави кон средината на јуни, но инсиситраше дека нејзината здравствена состојна е добра и дека исто ткаа „како (треморот) се појави еден ден, така и исчезна“.

Шеесет и четиригодишната Меркел, која е канцеларка од 2005 година, немаше досега сериозни здравствени проблеми. Кабинетот на канцеларката не даде досега никакво појаснување за пајавата на треморот. Ниту во средата самата Меркел не зборувша за советите за отстранување на тресењето или за медицински третман.

Лекарите тврдат дека постојат многи потенцијални причини за појава на треморот, и шпекулираа за здравствената состојба на Меркел, што во Германија се смета за чувствително приватно прашање.

Германскиот таблоид Bild во четвртокот, повикувајќи се на извори од владата, пренесува дека здравствената состојба на Меркел интензивно било испитано по првиот напад во јуник, како и дека е проверено дали постои недостиг од минерали, но дека наодите од крвта биле уредни.

Германските политичари на највисоките функции немаат лични лекари, за разлика од, на пример, американските претседатели, а за Меркел начално се грижат лекарите кои се задролжени за општата популација.

Во номеври 2016 годин, која објави дека ќе се кандидира за четвртиот мандат како претседателка на германската влада, Меркел рече дека станува збор за „одлука не само за изборната кампања, туку за следните четири години, доколку здравјето тоа го дозволи“.