(ВИДЕО) Меси ја повтори легендарната прослава на Марадона!

Доцна синоќа во првото коло од „Копа Америка“ во групата „А“ Аргентина во Рио де Жанеиро одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Чиле.

„Гаучосите“ дојдоа во предност од 33 минута со прекрасниот гол од слободен удар на Лионел Меси кој уште еднаш ја покажа својата класа. Воедно се потсети на својот идол, повторувајќи ја прославата на легендарниот Диего Армандо Марадона.

Воедно играчот на Барселона стана првиот фудбалер кој во дресот на националниот тим постигна седум голови од слободни удари. Пред него со шест на врвот беше Рикелме.

https://twitter.com/mmalkun_/status/1404565409920061440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1404565409920061440%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-mesi-ja-povtori-legendarnata-proslava-na-maradona%2F

Чилеанците успеаја на крајот да освојат бод, во 57 минута Видал не реализираше пенал, но во следниот момент Варгас ја испрати топката во мрежата на Мартинез.

Во вториот меч од истата група Парагвај ја забележа првата победа остварена над Боливија со 3:1. Слободен во оваа рунда е Уругвај.