ВИДЕО: Металика свиреше на Антарктикот, публиката со слушалки за да не ги вознемири пингвините

Легендарната американска група Металика имала свој концерт на Антарктикот. Гледачите кои што не можеле да влезат во концертната купола, морале музиката да ја слушаат само преку слушалки, за да не се загрози еко системот.

Пејачот на групата Џејмс Хетфилд го отворил концертот со зборовите: Дали сте подготвени да влезете во историјата? Ние да!

Групата отсвири десетина свои познати песни, меѓу кои и „Nothing else matters“, “Master of puppets“, “Seek & destroy“ и “„One“.

Металика го отсвирила својот концерт во истражувачкиот центар пред научници од повеќе земји, како што се Русија, Германија, Бразил и Кина.

Струјата за концертот ја „обезбедија“ генератор и панели за сончева енергија, а засилувачите не биле приклучени. Снимката била пренесена во живо.