(ВИДЕО) Метеор експлодира над Хрватска

Над Хрватска денеска претпладне, метеор експлодира при влез во Земјината атмосфера. Зад него остави димна трага и делови распрскани ширум земјата.

Таа глетка ги вознемири граѓаните, оти според Дамир Хржина, претставник на загрепската опсерваторија Ѕвездарница, татнежот се почувствувал на доста голема површина.

Iznad Hrvatske izgorio meteor

Iznad Hrvatske izgorio je meteor, pogledajte snimku pada.

Posted by Index.hr on Петок, 28 февруари 2020

– Неколку луѓе ни се јавија дека го чуле ударот. Навистина, и мене ми се јави сопругата – го виде метеорот и токму при нашиот разговор, се слушна силен звук, раскажува Хржина. Тој ги контактирал колегите од Хрватската метеорска мрежа која ги проверува податоците и можеби ќе почнат потрага по остатоците од вселенското тело.

Властите засега немаат никакви дојави за каква било штета или повредени поради експлозијата на метеорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.