(ВИДЕО) Мицкоски: Ако годинава е квантен економски скок за Заев, за граѓаните е година на сиромаштија

Ако ова е година на квантен економски скок за Заев, тогаш сигурно е година на сиромаштија на граѓаните. Тоа е искуството кое го имаме секоја година со овој систем на власт“, коментираше во саботата на својата фејсбук страница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Поради тоа, како што додава Христијан Мицкоски, „Потребно е пораз на системот, комплетно рестартирање на секое поле за да застане државата на здрави нозе. И се разбира, одговорност за сите кои се огрешиле спрема законите“.