(ВИДЕО) Мицкоски без протоколи на отворањето на Охридско лето

183

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски вo петокот вечерта во охридскиот Антички театар дојде без протокол и надвор од официјалните гости поканети од фестивалот, а неговото присуствува во Охрид предизвика и огромен интерес меѓу неговите сопартијци.

Мицкоски купил влезници на заеднички ред и седишта со првиот човек на Општинскиот комитет на партијата во Охрид, Сашо Донев и познатиот и реномиран кардиолог Сашко Кедев, а друштво им правеше и поранешната министерка за култура Ганка Самоилова, како и охридскиот кардиолог Дејан Манчески кој со сопругата седеше веднаш до нив.

Претходно во петокот, присуството на Мицкоски во Охрид предизвика голем интерес кај тамошното членство на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.