ВИДЕО| Мицкоски: Не чека нова енергетска криза, владата прави зделка од 50 милиони евра на увоз на јаглен зошто ископот во РЕК затаи

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатниот магазин на ТВ21 зборуваше околу набавката на јаглен и притоа посочи дека со тоа илјада камиони ќе се разминуваат низ патиштата во Македонија.

„Пред да почне грејната сезона на депонија во Битола треба да има 500 илјади тони јаглен. Немаат ни 50 илјади и сега викаат ‘ќе носиме’, и најблиску е, нормално тендер ќе биде, но најверојатно тоа ќе биде од Косово како држава со најголем потенцијал. Тие велат 900 илјади тони, за да ги донесете тие 9-10 илјади тони ќе ви требаат 500 камиони. 500 камиони треба да се натоварат некаде, да ја поминат Македонија. Сега има два начина како до таму да се стигне или преку Кичево, Демир Хисар или пак да се иде преку автопатот Росоман ,Плетвар, Прилеп, Битола. Тие камиони треба да дојдат да се растоварат на депонија и повторно истите да се вратат, додека нови 500 ќе доаѓаат. Во еден момент вие ќе имате илјада камиони коишто ќе се разменуваат во Македонија“, посочи Мицкоски.

Додаде дека претставува и сериозен ризик за учесниците во сообраќајот,