ВИДЕО| Мицкоски: Поделбите мора да запрат, народот да се обедини – иднината е во промените кои доаѓаат

Дали живеете подобро? Дали ова што се случува е нормално? Гледаме апатија и хаос. Луѓето се разочарани. Поделбите мора да запрат. Народот да се обедини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Посочува дека иднината е во промените кои доаѓаат, а истите, им порача на граѓаните, ќе ги донесат тие.

„Промени кои создаваат проекти, проекти кои создаваат победи, победи кои носат нова иднина. Подобра, посветла и посреќна. Со ваш печат! Заслужена! Имаме програма и гарантираме дека ќе ја исполниме! Поучени од грешките, со искоренети слабости, свесни за одговорноста која ја преземаме. Излези и избори се! Создади нова иднина“, вели Мицкоски.

Од денеска започна изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17-ти октомври и ќе трае до 15-ти октомври на полноќ.