(ВИДЕО) Мигрантите се трупаат на турско-грчката граница, судири со полицијата

Повеќе стотици мигранти и бегалци се собраа во саботата на границата меѓу Турција и Грција, во близина ан контролниот пункт Кастијанс, во очекување да им биде дозволено да ја минат границата, и повремено се судираат со полицијата, пренесуваат медиумите.

Меѓу мингрантите најмногубројни се млади мажи кои се во постојано движење. Тие палат огнови за да се стоплат, бидејќи во областа е студено, и повремено врне дожд.

Во саботата утрото бил забележан уште еден судир меѓу миграните и полицијата. Медиумите јавуваат дека турската полиција употребила солзавец притив миграните кои сакале да ја мината граничната линија. Младите луѓе ги прекриле лицата и се повлекле пред густиот облак од гасот.

Границата втор ден е затворена. Полициска и воена опрема е концентирана од грчката страна на границата. Во текот на ноќта помали групи мигранти се обиделе да го пробијат кордонот, но полицијата користела солзаец за нивно одвраќање.

Омер Челик, портпаролот на владејчката Партија на правдата и развојот (АКР) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Турција останува посветена на својата миграциска политика, но отиве ќе не е во можност да го ограничува протокот на бегалците кои сакаат да влезат во Европа. Потоа, големи групи луѓе стасаат до границата со Грција, во очекување да го продолжат своето патешествие кон Европската унија.