(ВИДЕО) Мигрантите со запалено дрво се обиделе да ја пробијат оградата на грчко – турската граница кај Еврос

Група од околу 300-400 мигранти на турска територија кај Еврос запалиле дрво со цел да падне врз заштитната ограда, да ја пробие и да се отвори простор за нелегално да влезат во Грција, пишува информативниот портал „Е-Еврос“ и објави видео како од конкретниот случај, така и од инцидентите кои се случиле синоќа и во доцните попладневни часови, јави дописничката на МИА од Атина.

Експресна била реакцијата на грчката полиција за спречување на новиот обид, со нов метод за нелегален влез во Грција.

Во исто време, од турска територија, според истите информации, биле фрлени солзавци и камења.

На полицајците од Грција, во справувањето со инцидентите на границата со Турција кај Еврос им помагаат и припадници на Фронтекс од различни европски земји.