(ВИДЕО) Мик Џегер со нов хит го слави крајот на „локдаунот“

Мик Џегер без никаква најава го објави во вторникот својот нов сингл под наслов „Eazy Sleazy“ кој го слави завршувањето на „затворањето“ во Англија и ги исмева негативните последици од животот дома во текот на пандемијата на коронавирусот.

„Се обидувам да напишам мелодија, подобро де ме поврзеш на Зум“ и „премногу телевизија, тоа ме лоботомизира“, „Бил Гејтс е во мојот крвоток, тоа е контрола на умот“, се некои од стиховите од новата нумера на Џегер.

Седумдесет и седумгодишниот фронтмен на легендарните The Rolling Stones, кој ја напишал песната пред неколку седмици, се здружил виртуелно со гитаристот на Foo Fighters, Дејв Грол.

„Тое е песна која ја напишав за излегувањето од локдаунот, со премногу потребниот оптимизам. Целата е за тоа да ги напуштам нештата кои ги споменувам во стиховите. Станува збор за преминот во, се надевам, знаете, пооптимистична состојба на умот“, изјави Џегер.

Поради тоа музичарот порачува низ стиховите „Ќе побегнеме од овие затворски ѕидови“, како и дека тоа „ќе биде градина на земските наслади“.

Во Англија пабовите од понеденикот започнаа да продаваат пијалаци на отворено, а отворија и дуќаните, во рамките на олабавувањето на епидемиолошките мерки по тромесечното „затворање“.

Грол изјави дека снимањето на песната со Џегер претставува „повеќе од остварување на сништата“. „Таман кога помислив дека животот не може да стане полуд. Ова е несомнено хит на летото“, додаде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.