2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ВИДЕО) Мик Џегер со нова песна го слави крајот на карантинот

Мик Џегер ненадејно вчера издаде нов сингл, со наслов Eazy Sleazy, кој го слави завршувањето на карантинот во Англија и ги исмева негативните последици од животот во домот за време на пандемијата.

Џегер, кој ја напишал песната пред неколку недели, се здружил виртуелно со гитаристот на Foo Fighters, Дејв Грол.

„Тоа е песна што ја напишав за излегување од заклучувањето, со многу потребен оптимизам“, рече 77-годишниот Џегер.

“Сè е во отфрлање на работите што ги спомнувам во стиховите. Се работи за преселување во, се надевам, во пооптимистичка состојба на умот”, додаде тој.

Затоа Џегер во песната вели: „Ќе избегаме од овие затворски sидови“ и дека тоа „ќе биде градина на земните задоволства“.

Пабовите започнаа со продажба на пијалоци на отворено во понеделникот, додека продавниците исто така се отворија како дел од отворањето во Англија по тримесечното заклучување.

Грол рече дека снимањето на песната со Џегер е „повеќе од остварување на сонот“.

“Тогаш кога мислев дека животот не може да стане полуд. Тоа е несомнено летен хит”, додаде тој.