(ВИДЕО) Милановиќ го праша Пленковиќ: Дали гласаше за мене? Раката ќе ми се исушеше, одговори премиерот!

Меѓусебните препукувања меѓу хрватскиот претседател и премиерот со месеци ја забавуваат хрватската јавност.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ не дадоа изјави за медиумите по денешното одбележување на Денот на антифашистичката борба во Брезовица, но камерите забележаа интересен дијалог меѓу двата водечки луѓе на Хрватска.

Пленковиќ и Милановиќ ладно се поздравија пред церемонијата, си подадоа рака еден на друг и разменија неколку реченици.

– Што е Пленки, дали гласаше за мене – рече Милановиќ, осврнувајќи се на интервјуто што го даде во хрватски весник, во кое тој рече дека „премиерот сигурно гласал за него на некои избори“.

Пленковиќ брзо се снајде, па тој одговори:

– О, мој Зоки, раката ќе ми се исушеше ако гласав за тебе.