(ВИДЕО) Милошоски: СЈО и власта на СДСМ ја уценуваа ВМРО-ДПМНЕ со истрагите

Специјалното јавно обвинителство и власта ја уценуваа ВМРО-ДПМНЕ со отворените истраги на СЈО во замена за гласање на промени на Уставот и престанок на отворените критики кон владата.Ова го истакна Антонио Милошоски во Само Вистина.

– Преку луѓето кои беа ангажирани како наши правни застапници испраќаа пораки дека „доколку намалите со критика и гласате за уставните промени, доколку бидете соработливи за одредени прашања кои се битни за власта да поминат со двотретинско мнозинство, СЈО нема да ве тормози со било какви основани или неосновани случаи“, рече Милошоски.