(ВИДЕО) Милошоски до Рускоска: Обвинителке слушнете внимателно кој е главниот во „Рекет“

457

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски сподели видео со изјава од Боки 13 дадена на  конститутивната седница на невладината организација Меѓународен сојуз Скопје во 2017 година.

Објавувајќи дел од обраќањето на Бојан Јовановски, Милошоски апелира до обвинителката Вилма Рускоска внимателно да процени кој всушност е главен во аферата и случајот „Рекет“.

-Почитувана обвинителке Рускоска, слушнете го внимателно Боки 13 и проценете кој би можел да е главниот во хиерархијата на мега скандалот „Рекет” и мрежата на Меѓународниот сојуз во периодот од мај 2017-2019 година, порача Милошоски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.