ВИДЕО: „Мислев дека Ким Јонг Ил е Бог кој ми ги чита мислите“

Јеонми Парк растела во Северна Кореја под будното око на некогашниот лидер Ким Јонг Ил. Иако со своето семејство побегнала од земјата кога имала 15 години и биле потребни неколку години да закрепне од секојдневното „перење“ на мозокот кое таму го преживувала.

Овие денови таа во интервју ги опишала неверојатните детали за животот во земјата зад „железни завеси“. Како што вели таа, животот во Северна Кореја е како пекол.

Јеонми Парк опишала дека константно биле без струја, без јавен превоз а во училиштето нејзините колеги често исчезнувале без трага. Таа исто така во интервјуто рекла дека Ким Јонг Ил го сметала за „Бог кој може да и ги чита мислите“.