ВИДЕО| Мистериозно позелене водата во венецискиот Канал Гранде

Una chiazza di liquido verde fosforescente è apparsa stamani sul Canal Grande all'altezza del Ponte di Rialto, Venezia, 28 maggio 2023. ANSA/ANDREA MEROLA

Водата во главниот венециски Канал Гранде, во близина на мостот Реалто во неделата станала флуоросцентно зелена и властите работата на откривање на причините за оваа невообичаена појава за која можеби се одговорни еколошките активисти.

Регионалната агенција за заштита на природната средина земала примероци од водата и работи на идентификување на материите коишто ја променила бојата, објави агенцијата на Twitter.

Префектот на областа Венеција свика итен состанок на полициските сили за да се открие што се случило и да се предложат можни противмерки, извести новинската агенција ANSA.

Овој инцидент потсетува на неодамнешните настани во Италија кога групи за заштита на околината ги полеваа со бои спомениците. Во последниот таков инцидент, активистите со растителен јаглен ја потемнија водата во прочуената римска фонтана Треви како протест против користењето фосилни горива.

За разлика од претходните случаи, ниедна активистичка група не ја презема одговорноста за инцидентот во Венеција.

 

https://youtu.be/103sHFvAugE