ВИДЕО| Момче турна жена на шини пред воз

Момче намерно турна жена на шините во метро во Брисел во момент кога возот влегол во станицата, покажуваат снимки од надзорна камера во метрото.
За среќа, машиновозачот бил присебен и во последен момент успеал да го запре возот, додека жената се уште лежела на шините.

Останатите патници и помогнале на жената, а младиот човек избегал, но набрзо бил фатен. Станува збор за 23-годишен Французин, но мотивот за овој инцидент засега не е познат.