(ВИДЕО) Момче во Виетнам четири дена заглавено во бетонска цевка, нацијата се надева дека ќе биде спасено

Спасувачи во Виетнам се обидуваат да ослободат 10-годишно момче заробено длабоко во тесно окно на градилиште.

Ли Хао Нам барал старо железо кога на новогодишната ноќ паднал во шуплив бетонски куп во провинцијата Донг Тап, објавија локалните медиуми.

Оттогаш, спасувачките тимови се борат да го ослободат, пумпајќи кислород во шахтата длабока 35 метри за да може да дише. Пред два дена се слушнало како вика за помош, но не реагирал кога камерата била денеска спуштена во дупката.

„Даваме сѐ од себе. Засега не можеме да кажеме во каква состојба е момчето“, изјавил за новинската агенција АФП, спасувач на градилиштето на мостот во делтата на Меконг. Спасувачите биле зачудени од фактот дека секој може да падне во шахтата, чиј дијаметар е само 25 сантиметри.

Екипите на итната помош се обиделе да го подигнат купот со кранови и багери, но засега безуспешно. Тие, исто така, ја омекнале земјата околу столбот за да се обидат да го ослободат, но тоа го навалило и го комплицира спасувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.