(ВИДЕО) Морант му го расипа роденденот на Леброн

Мемфис гризлис ја остварија третата победа по ред откако со 104:99 го совлада ЛА Лејкерс, во натпревар на кој блескаше Џа Морант. Мемфис на полувремето имаше минус од 14 поени, но во вториот дел Морант постигна 25 од освоите 41 поен, а притоа даде 11 од последните 15 поени на својот тим.
Кај ЛА Лејкерс, одлична партија одигра Леброн Џејмс на еден ден пред неговиот 37 роденден постигнувајќи 37 поени. Ова беше шести пораз во последните седум натпревари за Лејкерс.

Чикаго булс по втор пат во последните три дена е подобар од десеткуваната Атланта хоукс, овој пат со 131:117. Зек Лавин постигна 25, а Никола Вучевиќ имаше дабл-дабл од по 20 поени и скокови кај Чикаго. Кај Атланта на која и недостасуваат 15 играчи поради повреда и коронавирус, најдобар беше Тре Јанг со 26 поени.


Феникс санс со 115:97 беше подобар од Оклахома сити и ја продолжи трката со Голден Стејт за првото место во Западната конференција. И двете екипи имаат идентичен скор од 27 победи и 7 порази, а натпреварот го одбележа Девин Букер кои постигна 38 поени и дојде до бројката од 10.000 постигнати поени во кариерата. Тој е седмиот најмлад кошаркар во историјата кој дошол до оваа бројка.


РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Њујорк 85:94
Индијана – Шарлот 108:116
Бостон – ЛА Клиперс 82:91
Чикаго – Атланта 131:117
Мемфис – ЛА Лејкерс 104:99
Феникс – Оклахома 115:97
Портланд – Јута 105:120
Сакраменто – Далас 95:94