(ВИДЕО) Морина пречекан со тапани како херој

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кој беше уапсен на ГП Танановце на 24 јули по потерница на Интерпол, но не беше испорачан на Србија, синоќа бил дочекан како херој со тапани во Ѓаково, Косово, , јавуваат косовски медиуми.

По излегувањето од скопскиот затвор во Шутка, Морина бил пречекан од претставници на амбасадата на Косово во Скопје, членови на семејството и пријатели – со музика.

Вчера Коханет пишуваше дека Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=8&v=ZyQ7vkDIqHI