ВИДЕО: Морина со логистика од Скопје побегнал од Белград

Морина со логистика од Скопје побегнал од Белград

Исаил Морина со логистика од Скопје побегнал од Белград по натпреварот помеѓу Србија и Албанија.

Исмаил Морина е Албанецот од Италија кој  го пушти дронот со знамето на Голема Албанија на мечот Србија – Албанија, а во ексклузивно интервју говори за тоа како го осмислил и релизирал инцидентот.

Тој појаснува дека со логистика од Скопје, успеал да побегне на српско-македонската граница.

Морина и покрај очекувањата дека ќе биде упасен, слободно дава интервјуа, а во едно од нив на националната албанска телевизија ги откри деталите на целата акција.

Како што пишува српски „Курир“, ако се суди по снимката на која новинарот и Морина се облечени во потопла облека, сосема е можно ова инетрвју да е снимено порано, а да се пласира наменски по одлуката на судот во Лозана.

– Тоа лето ја искористив посетата на Албанија за да дојдам во Србија. Бев сигурен дека натпреварот ќе се игра на стадионот на Црвена ѕвезда и на 26-ти јули минатата година ја проверив локацијата и го снимив стадионот и се она што беше неопходно околу него. Исто така, го посетив и стадионот на Партизан, ама не толку детално, а дури подоцна дознав дека таму ќе се игра мечот. Потоа со помош на Гугл Мапс најдов три до четири поволни локации оддалечени од 50 до 70 метри од стадионот од каде можеше да се пушти дронот. Цело време соработував со момче од Скопје, кој го набави и го достави знамето, вели Морина.

morina-630x504
Морина бил снимен од воена камера

Тој вели дека дури 17 часа бил сокриен блиску до стадионот во Белград.

– Сакав да го пуштам дронот за време на интонирање на химните, но се уплашив од случајните минувачи. Направив само една грешка и го насочив дронот кон фудбалерите на Србија, бидејќи мислев дека албанските репрезентативци играат во црвени дресови. Потоа со логистика од пријател од Скопје успеав да побегнам преку граница. Се плашев да не не фатат и уапсат, но за среќа успеавме да ја минеме границата, вели во дел од интервјуто, Морина.

Мечот по инцидентот со дронот беше прекинат, а предизвика многубројни реакции и расправии, за тоа кој е виновен.

На крајот судот во Лозана одлучи на Албанија да и’ бидат вратени бодовите, иако УЕФА пресуди мечот да го добие Србија со службен резултат од 3-0.

Србите се казнети со минус од 3 бода, па сега за првпат во историјата на квалификациските мечеви под капата на УЕФА, една селекција има минус бодови (во моментов Србите имаат минус два бода).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.