(ВИДЕО) Московската полиција заплени ‘бетмобил’ поради неисполнување стандарди за безбедност

Полицијата на руската престолнина запленила лимузина дизајнирана по примерот на возилото на стрип-херојот Бетмен.

Возилото е изработено по примерот на она од филмот „Бетмен против Супермен“, а е запленето во центарот на Москва поради стрвавување дека не ги исполнува стандардите за безбедност во сообраќајот. Лимузината, имено, не е изработена во фабрика, не минала технички преглед и не е регистрирана.

По деталниот преглед, сообраќајната полиција го исклучила возилото од сообраќајот. Полицискиот портпарол изјави дека ниту димензиите на автомобилот, не ги исполнуваат пропишаните критериуми.

Неименуваниот сопственик на „бетмобилот“ има 32 години и живее во Москва. Против него е покрената истрага поради сомневање дека сторил три прекршока. Се товари дека автомобилот нема соодветна документација, бидејќи димензиите му се поголеми од дозволените и бидејќи има некои карактеристики кои не се дозволени во сообраќајот.

Ноодамна слично возило е продаден на рускиот сајт Ауто.ру, а од САД, според пишувањето на медиуми, еден „бетмобил“ е извезен во Русија во 2018 година. Во Русија му била унапредена електрониката, а според пишувањето на рускиот портал РБЦ, продажната цена му изнесувала 840.000 долари. Името на сопственикот не е наведено.

 

 

otr.webcaster.pro/b790bcc7-ffe7-4ad2-98c9-93bca28a9320