(ВИДЕО) „Можеби светот е наопаку, но и јас сум“- Ева Лонгорија во изолација

Ева Лонгорија максимално ја користи изолацијата за да помине време со синчето и за да вежба.

45-годишната актерка им покажа на своите речиси 8 милиони фанови на Инстаграм дека има одлични јога вештини.

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ сними видео во кое изведува комплицирани движења и напиша:„Намасте. Можеби светот е наопаку, но и јас сум“.

Вчера, таа сподели фотографии од преслаткиот Сантијаго, кој за два месеци ќе наполни 2 години. На нив, малото момче позира со широка насмевка во нивниот дом во Лос Анџелес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.