13.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

(ВИДЕО) Мртовец избран за градоначалник во Романија, на гроб му ја честитале победата

Жителите на едно романско село со големо мнозинство го реизбраа својот претседател иако тој починал од коронавирус две недели порано.

Видеото од социјалните мрежи покажува дека десетици жители вчера го посетуваат гробот на социјалдемократот Јон Алиман за да му запалат свеќи по затворањето на избирачките места.

„Тоа е твоја победа“, вели еден човек во видеото.

„Знајте дека можете да бидете горди на нас. Почивајте во мир”.

Алиман победил на изборите по трет пат во Девесел, село со околу 3.000 жители на југот на Романија. Тој добил 64 проценти од гласовите, покажуваат денеска официјалните податоци.

„Тој беше вистински началник“, изјави неименувана жена за ПроТВ.

„Тој секогаш беше на страната на селото, ги почитуваше сите закони. Мислам дека повеќе нема да имаме таков началник“.

Алиман бил поранешен командант на морнарицата кој во понеделник ќе наполнел 57 години. Починал на 17-ти септември во болница во Букурешт. Неговото име веќе било напишано на гласачките ливчиња и не можело да се отстрани, но сепак ќе се одржат нови избори.

Романија од февруари евидентирала 124 000 случаи на коронавирус, со 4.748 жртви, најмногу во источниот дел на Европската Унија.