(ВИДЕО) Муцунски: Европарламентарецот Ковачев потврди дека СДСМ не ја кажуваше вистината за македонскиот јазик

157

Тој, како што досега неколку пати бараше ВМРО-ДПМНЕ, порача дека е потребно да се изгради цврста и единствена национална платформа и стратешки пристап со кои ќе се излезе од досегашната попустлива надворешна политика

Секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека Македонија се соочува со нови ирационални предизвици и ја обвини дека владата на СДСМ не ја кажувала вистината за барањата на Бугарија за македонскиот јазик.

Тој вели дека е видливо дека земјава има дополнителни пречки за стартот на преговорите со ЕУ и одржувањето на првата меѓувладина конференција, а еден од повеќето спорни аскепти е, како што рече, барањето на Бугарија македонскиот јазик понатаму да се именува како „официјлаен јазик на Република Северна Македонија“. Притоа, тој реферираше на документ објавен на веб-страницата на австрискиот парламент и на интервјуто на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„Согласно денешна изјава на претставник на официјална Софија, европратеникот Ковачев, ставoт на Бугарија е потврда дека за жал Владата на СДСМ до сега не ја кажуваше вистината во врска со ова клучно прашање за нашата земја. Како политичка партија сметаме дека едностраните решенија прифатени и имплементирани од страна на Владата на СДСМ, без демократски дијалог, консултација со релевантните политички субјекти и пошироката експертска јавност и нанесуваат сериозна штета на нашата држава“, рече Муцунски.

Тој, како што досега неколку пати бараше ВМРО-ДПМНЕ, порача дека е потребно да се изгради цврста и единствена национална платформа и стратешки пристап со кои ќе се излезе од досегашната попустлива надворешна политика.

Муцунски вели дека отворањето на дијалог за сензитивни идентитетски прашања, како ова, не треба да се својствени за овие модерни времиња во 21. век, како и дека градењето на силни добрососедски односи треба да биде со меѓусебно почитување.

„Сакам да нагласам дека заштитата на нашиот национален, културен и историски идентитет го гледаме како нераздвоен дел од потребата за почитување на меѓународниот правен поредок, европските демократски вредности, заштитата на основните човекови права и слободи, и неотуѓивите права на самоидентификација и самоопределување“, вели Муцински.

Тој порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на евроинтеграциите, но и дека ќе посвети големо внимание на заштитата на идентитетските прашања, вклучувајќи ги тука поддршката на македонското малцинство, заштитата на трговските марки и македонските производи.

https://www.facebook.com/watch/live/?v=537497183490992&ref=watch_permalink

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.