Видео: Мундијалот во Бразил и на Обама му е главна преокупација

Претседателот на САД, Барак Обама, вчера во својот авион одејќи на политички собир во Минеаполис, го гледал натпреварот на репрезентацијата на САД со Германија кој се играше на Мундијалот во Бразил.

Првата тема во неговиот говор било токму Светското првенство и поразот од Германија, а, потоа и им честитал на фудбалерите кои одично ја поминале „групата на смртта“.

„Иако загубивме од Германија, сепак и понатаму имаме шанси да го освоиме трофојот и да бидеме светски прваци во фудбал“, изјавил Обама.