(ВИДЕО)Мур: Трамп е злобен гениј кој нема намера да ја напушти Белата куќа

Познатиот американски режисер, Мајкл Мур објави трејлер за својот нов документарен филм, „Farenhajt 11/9“ во кој тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да биде доживотен претседател на САД, и дека тој веројатно е последниот лидер на најмоќната земја во светот.

Филмот е направен како продолжение на неговиот филм „Farenhajt 9/11“ од 2004 година, кој се занимава со настани пред 11 септември 2001 година и троритичкиот напад врз САД, а во кој беше прикажана борбата на Америка против тероризмот, објави „Индепендент“ѓ

Во последниот филм Мур ги преврти броевите за да го претстави датумот на претседателските избори- 9.11.2016 година, што е катастрофа слична на терористичкиот напад што го смени светот.

За Мур Трамп е „злобен гениј кој нема намера да ја напушти Белата куќа”.

Премиерата на филмот е закажана за 21 септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.