(ВИДЕО) Мурињо во свој стил го доби Гвардиола

Тотенхем денес го доби дербито со Манчестер Сити и тоа го направи баш во Мурињо стил.

Манчестер Сити имаше далеку подобар посед на топка и повеќе додавања, меѓутоа тоа не значи многу кога најважното беше во корист за Мурињо и Тотенхем. Сити ја имаше топката, но не создаде премногу 100% шанси.

Статистиката од денешниот натпревар го говори следното: Четири шута Тотенхем (2 во гола – 2 гола), 22 шута Манчестер Сити (пет во гол – 0 голови).

И поседот на топка беше изразито на страната на Сити, 33% со 67%.