11.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

(ВИДЕО) МВР за групата од Куманово која е снимана по улици

Секторот за внатрешни работи Куманово ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница.

„Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава.

Во групата има Американски, Канадски, Белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Републиа Северна Македонија.

Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напуштат нашата држава.

СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите“, велат од МВР.