(ВИДЕО) МЗТ Скопје потпиша со плејмејкер кој имал договор со Орландо Меџик

40

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје го потврди второто странско засилување за престојната сезона, а тоа е 24-годишниот Хасани Гравет.

Се работи за плејмејкер кој настапуваше на универзитетите Пенсакола стејт и Јужна Каролина за да потоа потпиша договор со Орландо Меџик, меѓутоа тој не заигра за тимот од Флорида туку за неговата филијала која игра во ЏИ-лигата Лејкленд Меџик.

Неговиот учунок таму беше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции. Гравет е играч кој го краси брзината, агресивноста, одличниот преглед на играта и шутот за три поени и треба да биде сериозно засилување за МЗТ Скопје за остварување на амбициите во натпреврувачката 2020/2021.



Претходно да потсетиме „штрковите“ го задржаа Феми Олуџоби, а од македонските играчи тука се Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.