ВИДЕО| На 95 години почина славната Џина Лолобриџида

EPA/MIKE NELSON

Прославената италијанска актерка Џина Лолобриџида почина на 95-годишна возраст, извести во понеделникот италијанската новинска агенција ANSA.

Лолобриџида се прослави во педесеттите години од минатиот век како медитерански секс-симбол, а потоа се повлече од светот на филмот и се занимаваше со фотографија и работеше како скулпторка.

Родена на 4-ти април 1927 година во скромно семејство во малото село Субијако, во планинскиот регион Абруѕо во централна Италија, Лолобриџида глумеше со најголемите актерски имиња од нејзиното време, од Френк Синтара, Шон Конери, Марчело Мастројани до Хемрфи Богарт.

Првпат се појави на екранот во 1946 година. Светската слава и ја донесе улогата на Аделин во францускиот филм „Фанфан лале“ (1952), каде партнер ѝ е Жерар Филип.

Како актерка оствари бројни улоги, вклучително и во филмови како „Провинцијалка“ (1953), „Посрами го ѓаволот“ (1953), „Париската катедрала Нотр Дам“ (1956), „Дојди во септември“ (1961), „Добра вечер г-ѓа Кембел“ (1968).

По успешната кариера во Холивуд во 1970-те години се враќа во Италија и само повремено се појавува на филмот и телевизијата. Националната „Ло Лоло“ потоа се враќа на своите први уметнички љубови – фотографијата и скулптурите, на кои целосно им се посветува во почетокот на осумдесеттите, а додека како режисерка сними документарен филм за Куба.

Во последните децении активно се занимаваше со општествени активности, соработувајќи со Обединетите нации и УНЕСКО.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.