(ВИДЕО) На „Богородица“ четири колони возила стојат во место за влез во Грција

Дури четири колони возила чекаат во редици за влез во соседна Грција ова утро.

На граничниот премин „Богородица“ од македонска страна утрово според видео камерите се забележува невообичаена гужва.

Туристите претежно од Македонија и Србија и во раните утрински часови чекаат да ја преминат границата со нашиот сосед и да заминат на море.

Инаку од вчера во Грција важат нови правила за влез во рестораните, трговските центри и маркетите и истите можете да ги прочитате ТУКА.

На другите гранични премини засега не се забележани поголеми застои и гужви, а каква е атмосферата детално проверете самите ТУКА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.