(ВИДЕО) На денешен ден Кометал ЃП ја покори Европа, ракометарките пак ја запеаја и заиграа на химната

30
На денешен ден пред 18 години Македонија се најде во центарот на ракометна Европа, а причината за тоа беше составот на Кометал Ѓорче Петров кој успеа да дојде до титулата во Лигата на шмапионите.

Тогашниот состав во кој играа многу познати имиња како Кастратовиќ, Дину, Нацева, Велкова, Кисељева, Чупиќ… успеа да го победи Херц и да донесе голема радоста на сите навивачи на клубот, Скопје и цела Македонија.

Од тоа време е добро познат хитот „Кометал шампионе“ кој денеска доби мала преработка во режија на Александар Митовски, Драган-Спасов Дац и тоа во соработка со дел од тогашните ракометарки. Уживајте!!!

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.