17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

(ВИДЕО) На Џенифер и Бред утврдено е какви им се односите

Поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон се најдоа во центарот на вниманието по учеството во заеднички проект по 15 години.

Имено, Бред и Џенифер онлајн го читаа романот Fast Times at Ridgemont High, а сите беа воодушевени од ситуацијата во која Џенифер му кажува на Бред дека е симпатичен и секси. Се разбира, тоа беше напишано во сценариото, но беше доволно да предизвика лавина реакции.

Експертот за говор на тело Џуди Џејмс го коментираше однесувањето на поранешната двојка за време на оваа „незгодна“ сцена.

“Додека другите актери вклучени во овој проект се смееја и беа малку засрамени, Бред се однесуваше со израз на лицето како непослушно дете. Џенифер, од друга страна, остави впечаток на чувство на збунетост додека флертуваше со нејзиниот поранешен сопруг”, рече Џејмс за порталот Метро.

“Отпрвин изгледаше како обичен флерт. Џен зеде прамен од сопствената коса и си играше со него како заљубена ученичка додека лесно се лулаше на столот. После тоа ја крена раката високо и се исправи покажувајќи доза на доверба и моќ. Потоа повторно ги грицкаше ноктите, покажувајќи дека таа сè уште се чувствува малку несигурна. Џенифер испраќаше доста збунувачки сигнали “, додаде Џуди.

“Како што се приближуваше секси сцената, Бред се појавува со комична капа од пират на главата, веројатно за да ја прекине напнатоста. Тој се однесуваше како мало дете, што само по себе испраќа порака за неодговорност кон Џенифер”, рече таа.

“Шапката сепак исчезнува кога ќе започне сцената, а наместо тоа, Бред ја спушта брадата и со молбен израз на лицето и збрчкано чело изгледа како да моли за помош. Додека Бред се мрда во место, усните на Џен се тенки, а очите и се стеснуваат. “Формалниот пристап го прави Бред уште посрамен. Кога ќе се спомене бакнеж, тој ги лиже усните како навистина тоа да се случува, додека Џенифер ги стиснува усните и ги покрива целосно со раката, што значи дека воопшто не е расположена за акција”, објасни експертот.

„Но, веројатно, Џулија Робертс имаше најдобар говор на телото, која смета дека целата работа е смешна и се смее со нејзината препознатлива широка насмевка“, додаде таа.

„Иако на моменти и Џенифер и Бред беа засрамени од сцената што требаше да ја прочитаат, поранешните сопружници очигледно се во одлична врска, што се гледа кога ќе се поздрават на почетокот“, заклучи Џуди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.