ВИДЕО: На годишнината на раѓањето на Мао, статуа од чисто злато

Денеска се навршуваат 120 години од раѓањето на основачот на модерна Кина, Мао Цедонг, а илјадници луѓе пристигнаа во неговото родно место Шаошан за да му оддадат почит.

Во Шаошан во централната провинција Хунан се наоѓа Меморијален музеј посветен на Мао каде свечено беше откриена статуа од чисто злато со негов лик и покрај барањата на новиот кинески претседател Си Џинпинг овогодишните манифестации да бидат скромни.

Статуата е висока 83 сантиметри, тешка повеќе од 50 килограми, а во изработката учествувале 20 уметници. Чини 16 милиони долари. Статуата го прикажува основачот на модерна Кина како седи во столица од трска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.