(ВИДЕО) Најмалку 12 повредени во немирите во Боливија

68

Најмалку 12 лица се повредени, од кои неколкумина со огнено оружје, во безредијата и судирите меѓу приврзаниците и противниците на сегаа веќе поранешниот претседатал Ево Моралс во градот Кочабамба во централна Боливија, пренесува агенцијата ABI во вторникот вечерта по средноевропско време повикувајќи се на шефицата на рефионалниот оддел за вонредни ситуации во сферата на јавното здравство, Валерија Камачо.

И по оставката на целото раководство на Боливија, во земјата продолжуваат безредијата, подметнувањата пожари во приватни домови и јавни институции, напади врз домовите на функционери, главно во поголемите градови како Ла Паз, Кочабамба и Санта Круз.

„Кога станува збор за настраданите, регистрирани се 12 лица на кои им била укажана медицинска помош“, ја цитира агенцијата Камачо. Меѓу настраданите се девет мажи и три жени. Три лица биле донесени во болници со прострелни рани, а други тројца имале повреди истот така нанесени со огнено оружје.

Претходно во безредијата кои траеја во Боливија од 20-ти октомври до средината на минатата седмица животите ги загубија три лица, а повредени беа околу 380 луѓе.

Во меѓувреме во вторникот вечерта поранешниот боливиски претседател Евро Моралес, допатува во Мексико, каде што доби политички азил поради загрозување на неговиот живот и интфитет како што оцени мексиканската влада, додека Сентатот во Ла Паз се подготвува да именува привремен претседател.

Мескиканскиот воен авион со кој допшатува Моралес слета на аеродромот во Сиудад де Мехико малку по 18 часот по средноевропско врме.

„Борбата продолжува“, вети Моралес, велејќи дека нема да престане да се „занимава со политика“. „Сите народи имаат право на слобода“, изјави откако му се заблагодари на Мексико поради тоа што му го „спасило животот“. Моралес се појави придружуван од потпретседателот Алваро Гарсија Линера и поранешната министерка за здравство Габриела Монтано.

„Браќа и сестри, заминувам во Мексико. Тешко ми е што морам да заминам од земјата од политички прилини, но (…) наскоро ќе се вратам уште посилен“, напиша Моралес на Twitter во понеделникот ноќта, откако претходно во неделата прво се согласи на одржување нови претседателски избори а потоа по барање на армијата поднесе оставка, образложувајќи дека сака да придонесе за смиррување на ситуацијата во Боливија.

Втората потпретседателка на боливискиот Сенат, опозиционерката Жанин Ањез, која горниот дом подоцна во вторникот треба да ја именува за привремени претседател, ќе распише претседателски избори во рок од 90 дена по оставката на претседателот на државата, согласно уставот. Не е јасно дали на нив ќе му биде дозволено повторно да се кандидира повторно на Ево Моралес, кој во 2006 стана првиот претседател кој потекнува од локалната индијанска заедница.

Подоцна во вторникот, исто така, во Вашингтон состанок треба да одржи и Организацијата на американските држави (ОАS) на кој ќе дискутира за ситуацијата во Боливија. Токму по забелешките во извештајот на ОАS за наводни нерегуларност во првиот круг од изборите по кој Моралес прогласи победа, поранешниот претседател најави одржување на новите претседателски избори.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.